На предниот дел на возилото доминира големата Singleframe решетка со вертикални потпори. Предните светла формираат дизајнерска единица од линијата на рамото до задните светла. Може да изберете од три линии на опрема - Basis, advanced и S line. Кога станува збор за лакот, достапни се десет тонови меѓу кои и Pulse портокалова13 и Progressive црвена металик13. За тркалата, може да изберете помеѓу верзии од 17 до 20 инчи.
По желба, нагодувајте ги седиштата електрично. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание, вие и вашите сопатници имате корист од просторноста за главата и колената.
По желба, може да влијаете на карактеристиките во зависност од возната ситуација, условите на патот или личните потреби користејќи го системот за возна динамика Audi drive select13. Изберете од шест профили – од комфорен, преку ефикасен, па до спортски.
Audi Q3 е сериски опремен со ММИ радио plus, вклучувајќи и 10,25-инчна дигитална инструментна табла. Користете различни интерфејси и приклучоци за да ги поврзете вашите мобилни уреди со возилото. Врвната верзија на контролниот терминал ММИ навигација plus со ММИ на допир13 дури го препознава вашиот ракопис на својот екран во боја со висока резолуција. Благодарение на интегрираните услуги на Audi connect5, можете да уживате во многу дигитални функции.
Фасцинантни фотографии или познати филмски херои: во вашата myAudi апликација во делот Тематски свет едноставно изберете ја вашата омилена слика и истата нека се прикаже како позадина во ММИ. Убав ефект: пакетот амбиентални светла plus автоматски ја приспособува атмосферата на бои на мотивот.
Напомена: илустрацијата е од Audi A6 Avant12. Позадина во ММИ: © Thomas Hoepker – Magnum Photos
Направете го вашиот Audi Q3 инспиративен уникат, исто толку карактеристичен како што сте вие – со Audi exclusive9. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуален лак од широк спектар на бои. Токму онака, како што сакате.