Комбинирајте различни бои и тркала и искусете го Audi Q2 во интерактивниот 3D приказ.
Впечатливо силен по карактерот – дизајнот на предниот и задниот браник и динамичните, ексцентрични линии му го даваат на Audi Q2 моќниот изглед. Благодарение на линиите на опрема advanced и S line, како и новите дизајни на тркалата и надворешните бои, секој Audi Q2 има свој личен изглед.
Audi Q2 обезбедува одлична забава при возењето благодарение на моќниот погон и иновативните технологии.
Внатрешниот простор на возилото со S line2 за внатрешноста и спортски седишта во Feinnappa кожа во црна2 боја импресионира со постојаното фокусирање кон спортскиот изглед.
Волуменот на багажниот простор изнесува до 1.050 литри откако ќе се спуштат потпирачите на задните седишта. Пакетот за складирање и багажен простор2, како и задната врата2, која можете да ја отворате и затворате електрично, обезбедуваат уште поголема удобност при товарењето и растоварувањето на возилото.
Индивидуално возило кое одговара на вашата личност. Audi exclusive5 нуди широк спектар опции за дизајн за вашиот Audi Q2, како што е индивидуалниот лак на Audi exclusive5 во Merlin бисерен ефект.